Нашата машка кадетска репрезентација кон средината на месец декември ќе замине на пријателски турнир во Романија каде ќе се надигрува со соодветните репрезентации на Бугарија, Израел и на Романија.
Кадетите ќе тренираат неколку дена во Скопје, а потоа ќе заминат за Таргу Џиу на пријателскиот турнир.
Првиот тренинг на репрезентацијата е закажан за 16.12.2019 (понеделник) со почеток во 14:00 во големата сала на „Кале“.
Список на повикани кошаркари:
- Теодор Симиќ (Barcelona)
- Виктор Стојковски (Партизан Водно Санс)
- Ненад Благоевски (Академија ФМП)
- Петар Башовски (Партизан Водно Санс)
- Петар Бошалески (Работнички)
- Лука Димитриевски (Куманово)
- Тома Стојаноски (Гостивар)
- Теодор Гудев (Ролинг 08)
- Рубин Стефанов (Rimini Crabs)
- Василиј Србиновски (Работнички)
- Марко Трипуновски (Partizan)
- Бојан Стојаноски (МЗТ Скопје Аеродром)
- Борјан Ангелковски (МЗТ Скопје Аеродром)
- Никола Арсовски (Вардар)
- Гојчо Стефковски (Партизан Водно Санс)
- Ненад Јовановиќ (Stella Azzurra)
- Тео Војновиќ (МЗТ Скопје Аеродром)
- Андреј Шошкиќ (Работнички)
- Дарко Крстевски (Феникс 2010)
- Тома Шалев (Вардар)