Габриел Мартинели вечерва беше стрелец на дерби натпреварот против Челзи за изедначување на 1:1 во прекрасен соло пробив го претрча повеќе од половина терен и успеа да сруши рекорд на Николас Анекла во Арсенал стар од сезоната 1998/99 година.
„Нашиот прв тинејџер кој постигна 10 погодоци во една сезона после Николас Анелка во сезоната 1998/99 година“ – стоеше соопштение на официјалната страница на Арсенал на Facebook.
Инаку денеска во пресрет на 24. коло од Премиер Лига во Лондон бодовите ги поделија Челзи и Арсенал со резултат од 2:2, каде што Челзи два пати беше во предност резултатски а и на теренот со играч повеќе од 26. минута откако беше исклучен Давид Луиз.