Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Грег Поповиќ конечно има 16 играчи со кои на 5 август заминува на подготовки за Светското првенство во Кина кое ќе се одржи од 31 август до 15 септември.
На списокот се: Харисон Барнс (Сакраменто Кингс), Џејлен Браун (Бостон селтик ), Кајл Кузма (ЛА лејкерс), Брук Лопез (Милвоки Вакс), Кајл Луори (Торонто репторс), Крис Мидлтон (Милвоки бакс), Донован Мичел (Јутах џаз), Масон Плумли (Денвер нугетс), Џулиус Рендл (Њујорк Никс), Маркус Смарт (Бостон селтикс), Џејсон Татум (Бостон Селтикс), ПЈ Такер (Хјустон Ракетс), Мајлс Тарнер (Индиана Пејсерс), Кемба Вoкер (Бостон селтикс), Тадеус Јанг (Чикаго булс), Бам Адебајо (Мајами Хит).



