Во рамките на балканскaта регионална женска ракометна лига, во Подгорица,Црна Гора, македoнскиот преставник тимот на ЖРК Куманово тргна со победа над босанскиот тим ЖРК Груде со резултат од 29:27.
Исто така и на полувреме кумановки имаа предност од два гола, односно по првите 30 минути резултатот гласеше 16:14. Во победничкиот тим најдобaр стрелец беше Александра Боризовска со 6 гола, додека Косановиќ имаше 7 одбрани.
Листа на стрелци ЖРК Куманово: Александра Боризовска 6 гола, Леонида Гичевска 5, Јована Кипријановска 5, Ана Шарановиќ 4, Тамара Ивановска 3, Медеа Чокели 2, Ангела Јанкуловска 2, Мила Трајковиќ 1 и Васка Глигоријадис 1 гол.
Следен противник на ЖРК Куманово е тимот на домаќинот Рудар од Црна Гора, а мечот започнува од 17:00 часот.
Фото: ЖРК Куманово