🚨 Чест и задоволство ни е да ви соопштиме дека завршниот турнир во Купот на Македонија за жени и мажи ќе се одигра во Куманово.
Очекуваме спектакл!
📎 Ова е историска година за нашиот град Куманово кој слави 500 години од своето постоење, на ова би додале и уште еден јубилеј, 90години женски ракомет во Куманово, имено женски ракомет во Куманово се игра уште од 1929 година а тоа било овозможено од „Хазенарски клуб Куманово“.

📌 Купот ќе трае од 9мај до 11мај.
🏆 За титулата во женска конкуренција ќе се борат:
– ЖРК Куманово
– ЖРК Металург
– ЖРК Стружанка
– ЖРК Вардар (🥇ќе ја брани титулата)
🏆 За титула во машка конкуренција ќе се борат:
– РК Вардар (🥇ќе ја брани титулата)
– РК Еурофарм Работник
– РК Бутел
– РК Металург
📢 Извлекувањето за полуфиналните парови ќе се одржи во просториите на РМФ после велигденските празници.
🏟 Турнирот ќе се одржи во Спортска сала Куманово која има капацитет од 4150места.
🎫 За картите ќе бидете подетално информирани.



