Eкипата на РК Струга продолжува со подготовките за новата сезона па така утре и задутре ќе одигра два пријателски натпревари. Во текот на утрешниот ден ќе има гостување во Скопје каде за противник ќе го има тимот на Пролет. Додека во петок во Струга ќе одигра пријателски натпревар против тимот на Вардар Јуниор. Натпреварот во Струга е планиран да се одигра на отвореното ракометно игралиште кај женска плажа “Горан Попоски – Бабец” со почеток од 19 часот.



