Започнува Супер лигата и првото коло од разврската за титулата. Најголемите ривали и претенденти за шампионскиот трон, екипите на МЗТ Скопје и Работнички имаат гостувања. Кошаркарите од Градски парк ќе гостуваат на тимот на Куманово, додека Металците во Гевгелија ќе се соочат против Кожув. Третиот пар за ова прво коло е Блокотехна на домашен терен ќе го нагости тимот на Гостивар.
Супер лига прво коло:
07.04.2019 Куманово – Работнички од 17.30 часот
07.04.2019 Кожув – МЗТ Скопје Аеродром од 18.00 часот
10.04.2019 Блокотехна – Гостивар од 17.00 часот.



