Пролет го изненади фаворитот Охрид на денешниот натпревар во Скопје и славеше со 21-19 (полувреме 8-7). Цврстата одбрана им донесе победа над фаворизираниот гостин против кого водеа и со 6 разлика 17-11 во еден период. Најефикасни во тимот на Пролет беа Мајнов со 7 и Попоски со 6, додека кај Охрид Манасков со 5 и Лексо Цителишвили со 4.



