Македонија загуби против Романија на гостувањето во Плоешти со резултат од 65:53 по четвртини (15:16, 19:13, 12:10 и 19:14). Иако загубивме Македонија има подобар биланс од Романија и се позиционира на првото место на табелата во рамките на групата Б и со тоа нашите репрезентативци изборија квалификации за Европското првенство во 2021 година.
Освен во првата четвртина каде имавме позитива од еден кош разлика, во останатите четвртини Романија беше подобриот противник и за крај загубивме но се се заврши со среќен крај. Најдобри поединци кај Македонија беа Дамјан Стојановски со 13 поени, Војдан Стојановски со 12 поени и Хендрикс зад своето име заврши со 8 поени и 9 скока. Во таборот на Романија најефикасни беа Кате и Торок по 12 поени.



