Кошаркарите на Работнички на домашен терен ја совладаа Блокотехна со 87-79 и поведоа со 1-0 во полуфиналната серија која се игра до три победи. Најдобар во Работнички беше Ѓорѓи Чековски со 25 поени, пред Крстевски со 21 поен. Кај Блокотехна, Фундернбург даде 20 поени, а Мијатовиќ имаше „дабл-дабл“ од 19 поени и 10 скока.
Кошаркарите на МЗТ Скопје поведоа со 1:0 во полуфиналето против Гостивар откако дома славеа со 87:68. Најдобар во тимот на МЗТ беше Предраг Самарџиски со 16 поени и 7 скокови. Кај тимот од Гостивар се истакна Ефианаи со 15 постигнати поени.



