Одбојкарската сезона во Македонија е пред самиот крај, а во овој дел од сезоната и во купот се стеснува конкуренцијата за борбата на трофејот. Извлечени се паровите во машка и женска конкуренција во полуфиналната фаза на Купот на Македонија.
Дерби дуел во полуфиналето ќе биде помеѓу Џио Струмица и Шутова од Кичево, додека во второто полуфинале ќе се сретнат меѓу себе тимовите на Вардар од Скопје и Универзитет Тетово. Во женска конкуренција исто така ќе се одигра полуфиналето, а таму помеѓу себе се среќаваат двете екипи на Работнички, односно Работнички Жени против Работнички Скопје, додека во второто полуфинале е дуелот помеѓу Пелистер Волеј и Наковски Волеј од Струмица.
Куп на Македонија мажи, полуфинале:
Џио Струмица – Шутова
Вардар – Универзитет Тетово.
Куп на Македонија жени, полуфинале:
Пелистер Волеј – Наковски Волеј
Работнички Жени – Работнички Скопје.



