На гостувањето против екипата на РК Нова Тим пионерките на ЖРК Стружанка стигнаа до осмата победа во осмиот меч сезонава со 10:18. Стрелци за Стружанка беа Дукоска Теодора 5, Переска Тијана 4, Кајаџиеска Сара 3, Голабоска Марија 2, Ѓоршулеска Роберта 2 и Ѓерѓеска Георгина 2. Стружанка веќе обезбеди место на фајнл-фор и вчерашниот натпревар немаше никакво резултатско значење.



