Стоилов одигра капитенски и беше лидер на тимот на Вардар на Фајнл-фор турнирот и полуфиналето помеѓу Вардар и Мешков Брест каде домаќини се белорусите. По голема борба до триумф дојде Црвено-црниот состав со резултат од 25:23 на полувреме 14:10.
Се започна израмнето и гол за гол, а како одминуваше времето вардарци ја покажаа сета своја моќ и квалитет и со звукот на сирената и голот на Кристопанс го постави резултатот од 14:10 на полувреме. Во второто полувреме Вардар се опушти и им дозволи на домаќините да влезат во егал завршница и во неизвесност кој ќе дојде до победата.
Сепак ,,Црвено-црните” ракометари имаат акумулирано големо меѓународно искуство изминативе години и не дозволија од ,,Готово-вересија” и крајот го означија победнички за конечен триумф од 25:23 и трето по ред финале во Гаспром лигата, а вкупно тимот ќе се бори за петатта титула.
Најдобри поединци во победничкиот табор беа голманот Милосављев кој имаше 15 одлични интервенции, капитенот Стоилов имаше перфектна претстава и зад своето име запиша 7 погодоци од исто толку обиди, а со 5 гола Кристопанс се надополни на листата на стрелци. Кај Мешков Брест со по три гола беа Ѓорѓиќ, Баранау и Обрановиќ. Финалето на Ф4 е помеѓу Вардар и ППД Загреб од 19.00 часот во ,,Викторија Арена”.



