Тимот на Нант на нашиот капитен Кире Лазаров, одигра нерешено 30-30 (полувреме 16-16) кај норвешкиот тим Арендал во третото квалификациско коло од ЕХФ Купот и се пласира во групната фаза.
Кире Лазаров беше најдобар на теренот со 7 голови и го предводеше Нант до пласман во групната фаза.



