Ненад Димитријевиќ и Хувентуд во петтото коло од ТОП 16 фазата од Еврокупот загубија несреќно на гостувањето во Андора, каде на две секунди пред крајот примија тројка, за минимален пораз 90:89.
Македонскиот репрезентативец за 20 минути, стигна до 14 реализирани поени (0/4 за три, 5/6 за два и 4/4 за еден поен), плус 6 асистенции и 1 скок.
По пет одиграни кола, Хувентуд има ефект (2-3), а во последното, шесто коло, од овој круг од натпреварите во Еврокупот, Хувентуд на свој терен ќе го пречека фаворитот за место во големото финале – Уникаха од Малага.



