Наковски волеј го доби дербито со Јанта волеј со 3:1 на отворањето на 28-то одбојкарско првенство на Македонија во женска конкуренција. Во неизвесниот натпревар во Скопје, струмичките одбојкарки одбранија две сет топки на резултат 24:22 за противничките коишто не успеаја да израмнат на 2:2. Решавачки елемент на средбата беа грешките што ги правеше екипата на Јанта волеј во третиот и во четвртиот сет. Големиот број пресврти во секој сегмент од мечот, како и исполнета трибина во салата со рамноправна поддршка за двата тима, му дадоа посебен белег на натпреварот од првото коло во коешто на сите други терени славеа домашните одбојкарки.
Наредниот викенд, во втората рунда од шампионатот, Јанта волеј ќе му гостува на Бами Кор, а Наковски волеј ќе игра локално дерби до новакот во елитата – Струмица жени. Во останатите натпревари се постигнати следниве резултати: