Во Копер, Словенија втор последователен пораз на МЗТ Скопје Аеродром во финалето против Приморска овој пат со резултат од 95:72 за 2:0 водство на словенскиот преставник во финалната серија до три добиени.
Следниот трет меч ќе се игра во Скопје на 4. април и ако МЗТ загуби ќе им го препушти местото на Приморска директно во најдобрата АБА Јадранска лига. Со новиот пораз ,,Штрковите” се во нокдаун и со мали шанси за продолжување на серијата. Најдобар поединец кај гостите беше Лестер Медфорд со 22 поени, а уште двоцифрени завршија Вудард и Самарџински со по 10 постигнати коша.



