Култната серија од осумдесетите години “Династија” се враќа на малите екрани.
Американската телевизиска серија „Династија“ толку ги одбележа осумдесеттите години од минатиот век што Карингтон и Колби се враќаат во нова верзија. Римејкот на серијата „Династија“ го следи животот на семејството Керингтон. Приказната сега не се одвива во Денвер туку во Атланта, а ривалите на Керингтонови, семејството Колби, овој пат се со афроамериканско потекло. Новата “Династија” претставува и вистинско модно шоу. Затоа од 24 април на FOXlife уживајте во прекрасната серија. 



