Мартин Томовски со својата екипата Лудвигсхафен на синоќешниот меч од Бундес лигата одигра нерешено 27:27 на домашен терен против Бергишер.
Томовски имаше одлично издание и успеа да наниже дури 9 одбрани од кои дури 5 во последните минути од мечот и е еден од најзаслужните за освоениот бод.



