Македонските јуниори до 18 години на силниот меѓународен турнир во Бих, на отворањето во првото коло загубија убедливо од домаќините со резултат од 97:67. Натпреварувачка неизвесност не постоеше затоа што уште во првото полувреме имавме голема негатива од минус 25 коша разлика, односно 61:36. Во победничкиот табор воедно и на мечот најефикасни завршија Радак и Тополовиќ со по 20 постигнати коша.



