понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

Македонските одбојкари ќе дебитираат во „Златната Европска лига“

Откако ја почувствуваа сласта од настап на европските првенства, а со впечатокот на последниот континентален собир го заслужија местото во елитата, македонските одбојкарски репрезентативци наредната година првпат ќе играат во „Златната Европска лига“

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
декември 6, 2019
📁 Останато
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Трипати беа финалисти, но немаа среќа да се израдуваат на пехар, па црвено-жолтите ја кренаа летвичката и во 2020-тата ќе дебитираат во највисокиот натпреварувачки ранг, односно во „Златната Европска лига“. Тоа е награда за одличните резултати на премиерното европско првенство за нас, на коешто во септември нашите одбојкари ја совладаа Белорусија и коорганизаторот, европската сребрена селекција Словенија. Со оглед дека е 21-ви на ранг-листата на ЦЕВ., македонскиот национален состав во мај и во јуни ќе одигра најмалку шест натпревари со исклучително квалитетни противници. Во престижната конкуренција највисокорангирана е Белгија како шеста одбојкарска сила на континетот, а зад неа, но во првите десет е и Холандија. Покрај нив, ќе учествуваат и Чешка, Турција, Украина, Словачка, Шпанија, Естонија и Португалија, како и послабо рангираните од нас Белорусија и Романија. 12-те репрезентации ќе бидат поделени во три групи со по четири,секој ќе одигра со секого дома и на гости, првото коло е планирано за викендот на 23-ти или на 24-ти мај, а последното, шесто, на 13-ти или на 14-ти јуни. Завршниот турнир ќе биде закажан на 20-ти и на 21-ви јуни.

Покрај трите сребрени медали досега, македонската репрезентација беше бронзена во Европската лига во 2014-та, а лани го освои четвртото место. Овој пат, во друштво на најдобрите, генрацијата на Никола Ѓорѓиев ќе се обиде да остане на квалитативно ниво како во Љубљана, каде што за нијанса не успеа да обезбеди пласман во осминафиналето на европскиот шампионат. Квалификациите за наредниот ќе почнат во август, така што настапот во „Златната Европска лига“ ќе им овозможи на нашите одбојкари да бидат на највисоко натпреварувачко ниво во обидот да остварат постојаност во учествата на континенталните првенства.

Извор: http://www.vfmkd.mk/

ShareTweet
Претходна вест

Хотел Амбасадор – Охрид е идеалното место за вашата предновогодишна прослава

Следна вест

Гледајте во живо: МЕТАЛУРГ – РАБОТНИЧКИ (линк)

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

ОД СТРУГА ДО СВЕТСКИОТ ВРВ – ИЛИРИЈАН АСАНИ ШЕСТИ ВО СВЕТОТ!
Останато

ОД СТРУГА ДО СВЕТСКИОТ ВРВ – ИЛИРИЈАН АСАНИ ШЕСТИ ВО СВЕТОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Ное/2026
МАКЕДОНИЈА ИМА СВЕТСКИ ШАМПИОН! ДРАГАН СТОЈЧЕВСКИ СЕ ИСКАЧИ НА ВРВОТ ВО ШПАНИЈА
Останато

МАКЕДОНИЈА ИМА СВЕТСКИ ШАМПИОН! ДРАГАН СТОЈЧЕВСКИ СЕ ИСКАЧИ НА ВРВОТ ВО ШПАНИЈА

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
30/Окт/2026
СТРУГА ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА ПРВИОТ МЕМОРИЈАЛЕН ПЛИВАЧКИ МИТИНГ „КИРЕ ЃОРГОН 2026“
Останато

СТРУГА ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА ПРВИОТ МЕМОРИЈАЛЕН ПЛИВАЧКИ МИТИНГ „КИРЕ ЃОРГОН 2026“

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
27/Окт/2026
12 МЕДАЛИ ЗА ПК СТРУГА НА XXII NEMO KUP 2026
Останато

12 МЕДАЛИ ЗА ПК СТРУГА НА XXII NEMO KUP 2026

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
23/Окт/2026
Следна вест

Гледајте во живо: МЕТАЛУРГ – РАБОТНИЧКИ (линк)

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.