Вчера на Националниот стадион во Минск, беа отворени Европските игри. На овие игри Македонија ќе учествува со 12 спортисти во 8 дисциплини. Претставници на нашата земја се: Емил Павлов – карате, Магомедгаџи Нуров – борење (слободен стил), Владимир Егоров – борење (слободен стил), Фати Вејсели – борење (слободен стил), Арбреша Реџепи – џудо, Владимир Малески – кајак, Борјан Бранковски – спортско стрелаштво, Андреј Петровски – велосипедизам (улична трка, хронометар), Далибор Богданов – самбо, Етеми Арсим – бокс, Јасин Љама – бокс, Гоце Јанески – бокс.



