Екипата на РК Слобода од Тузла стигна до нова победа од 34-30 (полувреме 14-16) против екипата на Босна Виспак во првенството на Бих.
По доаѓањето во тимот од Тузла на македонскиот среден бек Јован Талевски екипата на Слобода игра се подобро. Талевски на мечот против Босна Виспак постигна 5 голови и подели 4 асистенции.



