Дарко Димковски имаше огромен придонес во победата на неговиот клуб Швертер ТС на гостувањето кај ТуС Велинхофен во една од пониските германски кошаркарски лиги.
Верувале или не, македонскиот кошаркар имаше учинок од вкупно 63 поени, реализираше дури 13 тројки.
Тренерот на гостите истакна после мечот дека ова е неверојатно, нашиот играч го имаше досега најдобриот натпревар во кариерата.
Ова беше вкупно шестата победа сезонава за Швертер ТС во својот шести натпревар.
Претходно пред да направи трансфер во Германија Дарко Димковски во нашата земја ги бранеше боите на Охрид АВ и Карпош Соколи.



