Македонската ракометна репрезентација со пораз од Аргентина од 20:23 го стартуваше Светското првенство за кадети кое се игра во Скопје. Во првиот дел нашите момци се одлепија и на полувремето заминаа со предност од 13:9. Во вториот дел поведовме и со пет разлика но како се ближеше крајот Македонија падна во темпото, успеавме да дадеме само седум голови и на крај Аргентина сосема заслужено стигна до победата.
Најефикасен во нашиот состав беше Ненад Костески со 6 гола од 6 обиди, Серафимов даде 4, додека кај победникот се истакна Гарсија кој даде 7 гола.



