Сезоната на интернационални натпреварувања ја отвораат нашите Никола Кутаноски и Димитар Јованоски со претстојниот настап на Европското дуатлон првенство во Пунта Умбрија, Шпанија. Оваа култна триатлонско-дуатлонска дестинација, но и откажувањето на настанот од Светската триатлон серија во Абу Даби заради корона вирусот, ќе им овозможи на нашите претставници да се тркаат рамо до рамо со најдобрите. Натпреварот ќе можете да го следите во живо преку линк кој ќе го објавиме наскоро!



