Со огромна поддршка на домашната публика ЖРК Куманово со 29:22 (полувреме 15:10) славеше над ЖРК Металург во второто полуфинале од Купот на Македонија. Шарановиќ со 9 гола и Дабевска со 8 беа најефикасни во Куманово. Кај Металург, Калајџиевска постигна 7 гола, пред Гичевска која имаше 5 погодоци.
Финалето во Купот на Македонија во женска конкуренција се игра в сабота од 16 часот, каде Вардар игра со Куманово.



