Тимот на Татран Прешов во шампионатот на Словачка стигна до висока победа против тимот на Старт Нове Замки со 38:19 (полувреме 23:9). Најефикасни во тимот на Славко Голужа беа Доминик Крок со 8 и нашиот интернационалец Никола Костески со 7 голови. Голема поддршка имаа и во Јакуп Хрстка со 5. Кај гостите Вадкерти беше најефикасен со 6 голови.
Наредното коло тимот на Татран Прешов игра против главниот конкурент за титулата во домашниот шампионат ХКМ Шала.



