Никола Костески и Линц загубија од Фиверс дома со 26:34. Десното крило Костески постигна 7 гола и стигна до 33 гола на 6 меча со просек од 5,5 гола по натпревар. Во моментов тој заостанува само еден гол од водечките стрелци Бониќ и Јокман кои имаат 34.
Горан Крстески на овој меч постигна 2 гола и имаше 3 асистенции за Линц.
Вчера Влатко Митков стигна до победа со Брегенц против ВестВиена со 26:25, a Mитков постигна 4 голови и во моментов е на седмото место со 28 голови.



