Никола Костески и Горан Крстевски ја започнаа втората полусезона со победа против Грац со 27-25. Никола Костески повторно изигра одлично и постигна 4 голови, а имаше и 2 пенали врз него. Горан Крстевски одлично го почна мечот и постигна 1 гол но потоа беше направен груб фаул врз него па беше поштеден.
Влатко Митков и неговиот Брегенц загубија од Ремус со 29-25. На Брегенц не му помогна ни одличната игра на Влатко Митков кој беше најдобар со 8 погодоци.




