Македонските кошаркари одиграа очајно прво полувреме против Естонија каде губеа со дури 22 разлика и тоа на крајот ги кошташе пораз со 72-81 и покрај добрата игра во вториот дел.

Најдобри во нашиот состав беа Војдан Стојановски со 26 поени, 3 скока и 3 асистенции. Го следеа Шејн Витингтон со 15 поени и 8 скока и Ненад Димитријевиќ со 15 поени, 7 скока и 2 асистенции. Кја Естониа фантастичен беше со 31 поен, 3 скока и 5 асистенции и беше најзаслужен за победата на гостите.



