Кадетската репрезентација на Македонија е поразена со 24-31 од Германија на стартот на турнирот во Бугојно. По првиот дел Македонија водеше со 16:15, но во вториот дел Германија предводена од одличниот голман направи пресврт и до крајот рутински победи.
Вечер од 19 часот нашите момци играат со селекцијата на Србија.



