Кадетите на КЛ7 Струга успеаjа да го совладаат убедливо ГРК Гостивар со 31:44 и со тоа да се пласираат на финална завршница во кадетска конкуренција. Кадетите ја комплетираа успешната сезона на КЛ7 Струга, после пионерите и младинците, сега и тие се најдоа на еден „фајнл фор“. Во кадетската финална завршница, покрај КЛ7 Струга се пласираа РК Вардар, РК Прилеп и РК Еурофарм Работник. Најдобри стрелци во КЛ 7 беа Стојков и Џигероски кои постигнаа по девет погодоци, додека Христоски и Симоноски постигнаа по пет погодици. Кај Готивар најдобар стрелец беше Давидоски Бојан кој постигна дури 17 погодоци.
ГРК Гостивар – КЛ7 Струга 31:44 (11:24)
КЛ7 Струга: Петрески, Галевски, Мишевски 2, Дуноски 1, Џигероски 9, Негриески 2, Стрезоски, Гучески 4, Христоски 5, Шулески 3, Симоноски К. 5, Мариноски 1, Ѓорговски 2, Стојков 9, Стрезоски 1, Симоноски Ф.
Извор: kl7.mk



