Со трката за Големата награда на Катар во недела на 10. март во Лосаил започнува новата сезона на Светското првенство во мотоциклизам. Титулата ја брани Марк Маркез, член на екипата на Хонда кој во новата сезона ќе биде во битка за четврта по ред шампионска титула, а вкупно шеста во кариерата.
Главни конкуренти на Маркез ќе му бидат италијанскиот ветеран Валентино Роси кој има седум титули, потоа конкурент ќе му биде и Лоренцо кој има вкупно три титули. Во календарот има вкупно оваа сезона 19 трки по кој што ќе се дознае новиот шампион.



