Баделки своето пловење низ Јадранот го започнуваат на 29.09.2019 година со квалификацискиот турнир за Прва лига во Херцег Нови,Р.Црна Гора.
На турнирот ќе земат учество покрај ЖКК БАДЕЛ1862,
ЖКК Приморје од Херцег Нови,
ЖКК Томислав од Томислав град-Р.Босна и Херцеговина и
ЖКК Коњиц од Коњиц-Р.Босна и Херцеговина.
Прв противник ќе ни биде екипата Томислав, со победа ќе вкрстиме со победникот од другиот пар Приморје-Коњиц, а во случај на пораз ќе вкрстиме со поразениот тим од другиот пар.
Победникот на овој турнир ќе обезбеди пласман во Првата WABA лига за кошаркарки на возраст под 17 години, а останатите три екипи ќе натпреваруваат во втората лига,во која би се одиграле уште четири турнири (седум натпревари).
Победникот на втората лига ќе вкрсти со четврто пласираниот од Првата лига за учество на завршниот финален турнир.



