Женската младинска репрезентација на Maкедонија славеше против Косово со 31:30 (полувреме 14:12) во разигрувањето за пласман од 5 до 8 место од ЕХФ W19 2019 Шампионатот во Литванија. Најефикасни во тимот на Македонија беа Седлоска со 8 и Динарица со 5. Во селекцијата на Косово незадржлива беше Реџепи со 18 голови.



