Ракометарите на Еурофарм Работник ја играат својата прва дебитантска сезона во најелитната европска Лига шампиони и откако го ,,скршија мразот” минатото коло кога против фински Кокс ја остварија првата историска победа, а следна нивна цел е нов триумф овој пат против Татран Прешов од Словачка. Натпреварот ќе се одигра во 17:00 часот во салата ,,Боро Чурлевски” во Битола.
,,Фармацевтите” после неколку врзани минимални порази, веќе ја креваат својата форма и се конкурентни против секоја екипа која е во групата Ц. Тренерот Стевче Алушовски заедно со ракометарите ќе се обидат да остварат против Татран втората последователна победа во елитната Лига на шампиони.



