Тимот на македонската репрезентативка Елена Ливриниќ, ЦСМ Галати во романскиот шампионат загуби од дрим-тимот на ЦСМ Букурешт, за кој играат неколку поранешни вардарки со 20:30. Но, она што радува и покрај поразот на нејзиниот тим е што нашата Елена Ливриниќ го торпедира голот на гостите со дури 10 голови, дури пола од погодоците на нејзиниот тим.



