Во осмото коло од кошаркарскиот Еврокуп во Турција екипата на Хувентуд загуби од Дарушафака со 92:86.
Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ за скоро 25 минути игра на паркетот имаше 13 поени, 3 скокови и 7 асистенции и беше еден од најдобрите кошаркари на Хувентуд.



