Прекината победничката серија на Синфин во шпанската Асобал лига. На домашен терен Синфин загуби од Куенка со резултат од 21:25 каде што на полувреме имаа еден гол предност, односно 11:10. Македонскиот интернационалец, Дарко Димитриевски беше најдобар стрелец во домашниот тим со 6 постигнати гола и ниту неговиот одличен учинок не беше доволно да се дојде до нови бодови. Во следното коло Синфин и Димитриевски ќе му гостиваат на тимот на Ваљадолид.



