Од 29 мај до 3 јуни се одржа меѓународната веслачка регата “Пловдив 2019” – во Пловдив, Република Бугарија. Нашата земја беше претставена од десет веслачи. Девет од ВК “Црн Дрим” од Струга и еден од ВК “Југ” од Охрид. Оваа регата традиционално е посетена од клубовите од сите балкански земји а нашата експедиција како примарна цел имаше промоција на млади веслачи и стекнување на искуство при натпреварување. Стручната делегација ја искористи приликата да ги продлабочи добрите односи со Веслачката федерација на Р. Бугарија и да ги искоординираат идните спортски проекти.



