Капитенот на Еурофарм Работник левото крило Гоце Ојлески кој веќе има искуство со настапи во Лигата на Шампионите по извлекувањето на групата ја даде следната изјава:

– Еурофарм Работник од година во година е се поквалитетен тим. Очекувам во својата деби сезона во Лигата на Шампионите екипата да се претстави во добро светло. Во модерниот ракомет нема јак или слаб противник. Веќе сите знаат да играат ракомет. Мислам дека можеме да играме и да се бориме за бодови против сите тимови од групата. Посебно голема шанса за победа ќе имаме на натпреварите кои ќе ги играме пред нашата верна публика.



