Тимот на Татран направи голем кикс и загуби во финалето на Купот на Словачка против Бистрица на пенали 6:5. Во регуларниот дел натпреварот заврши 26:26, иако на полувреме водеше Татран 15:12. Нашиот ракометар Никола Костески постигна 1 гол од 1 обид, изигра и одлична одбрана, но сепак останува тагата кај него за пропуштената шанса за титула во Купот на Словачка. Погледнете ја радоста на екипата на Бистрица по промашениот пенал на Лапајне на крајот од натпреварот.



