Во НБА шампионот Голден Стејт го победи Хјустон на гостински терен со 106-104. Клеј Томсон со 30 поени, заедно со Демакус Казнс кој постигна 27 и Стеф Кари кој придодаде 24 беа најзаслужни за овој триумф. Кај Хјустон, вообичаено најефикасни беа Џејмс Харден и Крис Пол кои средбата ја завршија со 29 односно 24 постигнати поени.



