Екипата на Анталијаспор за која оваа полусезона брани Виктор Гигов во директен дуел за излез во Европските купови славеше против тимот на Адијајаман со 29:28. Гигов со своите одбрани повторно беше еден од јунаците за победата на својот тим.
Ова е најдобар пласман во историјата на тимот кој никогаш не играл во европските купови. Со оваа победа на коло до крајот се очекува само дали Анталијаспор ќе заврши на втората или трета позиција. 



