Вечерва РК Еурофарм Работник ја испиша својата клупска историја со својот прв европски триумф во групна фаза од ЕХФ купот. Во Битола на домашен терен македонскиот тим го совлада Нексе Нашице со резултат 29:28 на полувреме 14:12.
Еурофарм имаше идеално отворање на натпреварот каде што во првите 10 минути не му дозволи на ривалот да постигне гол, а воедно домашните ракометари имаа позтива од 3:0. До крајот со одредени осцилации во играта сепак Еурофарм ја одржуваше разликата и на полувреме замина со предност од +2 односно со резултат од 14:12.
Вториот дел домашните ракометари исто така го започнаа во високо темпо и до средината на полувремето имаа висока предност од +6, разлика која што до крајот на мечот ја одржуваа. Гостинските ракометари играа 7 на 6 и често нивните грешки во напад Еурфарм ги казнуваше со брз гол на празна мрежа.
Сепак поради неискуството македонскиот преставник во финишот дозволи да се стопи разликата и во последните две минути имаше само два гола предност каде што во последниот напад не реализираа зицер и примија лесен гол, а дозволија пасивна игра и одземање на топката што им дадоа шанса и на Нексе да дојдат до нерешен резултат, но времето истече и хрватскиот тим се обиде со удар од далечина кој беше непрецизен и од тој момент Еурофарм ја прослави својата прва историска победа заедно со навивачите.
Најдобри поединци кои беа заслужни за победата се голманот Трајкоски кој бранеше во второто полувреме и имаше неколку интервенции во клучни моменти, а голманот Чаневски својата задача ја одработи во првиот дел но и со двата одбранети седмерци.
Во листата на стрелци најефикасен заврши Стјепјановиќ со 7 гола, Остроушко 6, Кузмановски и Ѓукиќ завршија со по 4 постигнати гола. Во таборот на Нексе најефикасен заврши Анте Гаџа кој беше прво нивно име со 9 постигнати гола. Во следното коло Еурофарм Работник го пречекува германски Хановер во Битола на домашен терен.



