Гравелин стави крај на една лоша серија на игри и порази. Во 24.коло од француската ПРО А лига, совладан е По Лак Ортез со резултат 64:59.
Војдан Стојановски беше еден од најдобрите во победничката екипа. Реализираше 11 поени надополнети со 7 скока и беше втор скокач во Гравелин. Имаше и 2 асистенции на крајот во вкупната статистика.



