Монако славеше со убедливи 79:63 против Гравелин Данкерк на Војдан Стојановски во натпревар од француската ЛНБ лига.
Нашиот Војдан беше прв стрелец во екипата со 16 поени (1/2 за три, 5/6 за два и 3/3 за еден поен),имаше и пет скока, четири асистенции, две освоени и една загубена топка за 28:27 минути поминати на теренот.
Гравелин Данкерк останува на ефект од само шест победи во 22 првенствени рунди.