Унгарскиот клуб Ференцварош им даде можност на НФЛ играчите да се обидат да играат ракомет, по големата полемика што ја предизвика ЕСПН во својата емисија „Highly Questionable“ во која се исмејуваше популарниот спорт.

Во емисијата беше презентирано дека НФЛ играчите со голема леснотија би освоиле златен медал на Олимписки игри и дека ракометот е навистина смешен спорт.
Оваа теза Ференцварош им ја сруши на лице место и им покажаа дека изгледаат смешно на терен и дека немаат шанса против било кој ракометен тим во Европа.



