Во фантастичен натпревар во рамките на 29. коло од Евролигата Реал Мадрид на гостински терен го совлада Панатинаикос со тесен резултат од 74:73. Одличниот Руди Фернандез со нестварна и ,,луда” тројка го реши натпреварот.
Во последните седум секунди каде што домашните грчки кошаркари имаа позитива од 73:71, Фернандез ја презеде одговорноста и од тешка ситуација на една секунда до крајот со една рака шутна за три поени кои успешно ги реализира за голем триумф на кралевите.



